The creative and the deadline: how to finish a project in the long haul?

About a month ago I published my first photography book Skopje- architecture as a photographic sculpture (1963-1990)(available for purchase at any  Literatura.mk bookstore). For me, this was the biggest and longest project I’ve done so far, lasting effectively about 11 months. It wasn’t a hard process, but it certainly needed the most discipline I’ve given anything since finishing my masters. In all fairness, being disciplined about a project isn’t a very strong suit for me (and as I’ve heard for other creative people as well). Yes, I am passionate about a project, especially one which I’ve chosen myself, but within the time frame from idea to final product, I’m gonna be passionate about tens of other projects as well, and sometimes the big project can get swept away in all those little ones. So, I often got two questions along the way: how did you manage doing such a big creative project on a deadline? and: Aren’t you done yet?

To the second question I say: you’ve obviously never worked on publishing a book before.

The first question is the one I want to focus on though. Let’s start from the beginning: initially the project as an idea and point of interest started in 2012. So, it was even a longer project than just the year I spent on the book. There were good and bad sides to this- the good being that I initially had a lot of time to get to the idea how the final product can look like, and the bad being what I said before- I got side tracked by hundreds of other small ideas (including finishing a master’s degree in an unconnected filed). However, even though I gave an exhibition on the almost-same-but-not-really subject in 2017, when it came to the book I had to figure out how to work creatively within a given deadline, focusing most (if not all) my creative energy into that project. I wasn’t just photographing for myself without the pressure of whatever came out of it (an exhibition did come out of it, so you know it wasn’t that bad), but I had to sit down and actually figure out how I’m going to go about this process. Thus, that’s my step 1: figure out a strategy and approach. After long considerations, I found out that I did not want to photograph the buildings from a documentary point of view. I wanted to show their best features, angles, in the best light, much as you would do when photographing a person. So I decided to treat them exactly as that- portraits!

After you have your approach, then comes the probably less exciting bit, and that’s the research. So, step 2: do the research. I found out what I could online, but modernist architecture in Skopje didn’t have much online presence (except on Marh.mk ), so I went in to find literature and actual help from professors at the Faculty of Architecture in Skopje and the American College in Skopje. Thankfully, they agreed to give me the help and support (and a great intro) for my book. Having research behind your art is the best thing you can do. It opens up ways of seeing your art that you might have not had before, and that is always worth investing time into. This research then helped me to determine which objects in Skopje I got to photograph.

For this project I had a publishing house backing me. So, this meant that everything I did had to both be true to my style of photography and be approved by the publishing house. Thankfully, this was not a difficult issue- we were mostly on the same page. However, there were a few small things we needed to agree upon, and that’s where step 3 comes in: work with your team. If you’re doing a long term project by yourself it’s still good to have someone whose opinion you trust to bounce ideas off of (at least). But if you have a team, then use them! Trust their opinions and their ideas. And sometimes they will not agree with you, but put ego aside and sleep on their suggestions. And if in the morning you still feel the same, then go back in and tell them that. But always work well with your team. I was lucky enough to have great women-power fueled team made out of a manager, a graphic designer and marketing strategist that made this process even easier.

Last, but definitely not least is step 4: do the legwork even when you don’t feel like it. During last year between medical issues and travel and family stuff, I had a lot of things pull me away from photographing Skopje’s modernist architecture. And a deadline which is 10 months away still keeps creeping closer day-by-day even if it doesn’t feel like it. So, whenever I noticed myself starting to slump, I got my camera and went back out there. Even if it was for only one hour. Even if the photos didn’t end up in the “usable” pile. Just do the legwork. If the photos don’t work on the first go- you’ll still end up learning why they didn’t work, and fix that the second time around. Build the discipline, one part at a time.

And so, to wrap this rather long post- you got this! If it’s tl;dr for you, let me sum it up: plan and explore approach, do research, ask for (valued) opinions, do the f*n legwork.

Thanks for clicking (and hopefully reading),

Erina

(Macedonian translation at the end)

Пред отприлика еден месец ја издадов мојата прва фотографска монографија насловена „Скопје- архотектурата како фотографска скулптура (1963-1990) (која е достапна во книжарнците на Literatura.mk). За мене ова беше најдолготрајниот проект што сум го работела до сега, а се протегаше ефективно 11 месеци. Процесот не беше тежок, но бараше најмногу дисциплина од било кој друг проект што сум го работела после завршување на магистерските студии. Да бидам искрена, дисциплина на долгорочни проекти навистина не ми е јака страна (а сум слушнала дека тоа е случајот и кај други креативци). Нормално дека ќе имам страст кон проект, особено кога сама сум го избрала, но во времето од развување идеја до финален продукт, ќе имам страст и за десетина други проекти и големиот проект лесно може да се загуби во тие мали проекти. Така што за време на овој процес често добивав две прашања: како успеа да завршиш толку голем, креативен проект со краен рок? И: не го заврши веќе?

На вторто имам само да кажам: очглендо не сте работеле на монографија до сега.

Но, првото прашање е она на кое сакам да се фокусирам сега. Да почнеме од почеток: првичниот проект и како тема на интерес ми се појави во 2012та. Така што, ова беше всушност уште подолг проект од само последната година која ја посветив на монографијата. Имаше добри и лоши страни на ова. Добрите беа дека имав многу време да стигнам до идејата како треба финалниот продукт да изгледа, а лошите беа оние кои ги споменав и погоре- вниманието ми го одземаа еден куп други проекти низ годините (вклучувајќи и завршување на магистерски студии во неповрзано поле со ова). Но, иако во 2017та имав изложба на слична-ама-не-баш-иста тема, кога стана збор за монографијата морав да сфатам како да работам креативно со даден краен рок, при тоа фокусирајќи ја (скоро целата) креативна енергија на тој проект. Веќе не фотграфирав сама за себе без притисок на што и да излезе на крај (излезе една изложба и од тоа, така што и не беше така лошо), туку морав да седнам и да разработам како ќе му пристапам на процесот. Така што тоа ми е првиот чекор: осмисли стратегија и пристап на работа. После долго размислување, сфатив дека не сакам да ги фотографирам објектите чисто документарно, туку дека сакам да ги покажам нивните најдобри агли, карактеристики, во најубаво светло- слично како кога фотографирам личност. Така што решив да ти третирам токму така- како портрети.

Откако ќе го решите пристапот на работа, доаѓа веројатно најнеинтересниот дел, а тоа е истражувањето. Така што, вториот чекор е: истражувај. Најдов што можев онлајн, но модернистичката архитектура во Скопје нема големо пистуство онлајн (освен на Marh.mk), па барав литература и помош лично од професори од Архитектонскиот Факултет и Американ колеџ во Скопје. За среќа, се согласија да ми помогнат (и да напишат одлична рецензија за книгата). Да имаш истражување зад уметноста е најдобрата работа што можеш да ја направиш. Отвора нов начин на гледање на уметноста, а во тоа секогаш вреди да се инвестира време. Ова истражување ми помогна да решам кои објекти во Скопје ќе бидат фотографирани за монографијата.

За овој проект имав и издавачка куќа зад мене. Па тоа значеше дека што и да правам требаше да биде искрено кон мојот стил на фотографија и воедно одобрено од издавачката куќа. За среќа ова не беше проблем- најчесто идеите ни беа исто. Но, имаше некои мали работи за кои требаше да најдеме компромис  и тука доаѓа третиот чекор: работи со својот тим.  Ако работиш на долг и обемен проект сам, сепак е добро да имаш некој чие што мислење го вреднуваш, за да разговарате за идеите (во најмала рака). Но, ако имаш тим, користи го! Верувај на нивните мислења и идеи. Некогаш и нема да се сложувате, но тргни го егото на страна и барем преспиј им на идеите. Па ако следниот ден се’уште се чувствуваш исто по дискутираните прашања, врат се и убеди ги зошто е тоа така. Но секогаш соработувај со својот тим. Јас имав среќа да добијам одличен, силен, женски тим составен од издавачка, графичка дизајнерка и маркетинг стратегист кои само ми го олеснаа процесот на работа.

И последен, но дефинитивно не најмалку важен е четвртиот чекор: работи на терен, дури и ако не ти е до тоа. Во текот на последнава година помеѓу медицински состојби, патувања и фамилијарни работи имав многу работи кои може да ме одвлечат од фотографирање на модернистичката архитектура во Скопје. А краен рок кој е тек за 10 месеци иако личи далеку, сепак се приближува секој ден. Така што секогаш кога же се осетев дека сум попуштила на тоа поле, излегував пак да фотографирам. Дури и ако имав само еден час. Дури и ако излегуваа неупотребливи фотографии. Едноставно оди на терен. Ако фотографиите не успеат од прва ќе научиш што е тоа што било неуспешно и ќе го поправиш за следниот пат. Гради ја дисциплината, објект по објект.

За крај, да го заокружиме овој доста долг пост- you got this! (немам превод за тоа, се извинувам). Ако е премногу долго ова за читање еве едно сиже- планирај и разгледај го пристапот, истражувај, прашај за (вреднувано) мислење, оди на терен!

Благодарам за кликот (и се надевам за читањето),

 

Ерина

 

 

4 thoughts on “The creative and the deadline: how to finish a project in the long haul?

Add yours

Leave a Reply to dilekaspires Cancel reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Blog at WordPress.com.

Up ↑

%d bloggers like this: