Why don’t we like ourselves in photographs?

Last month, I was hired to take portraits of a the employees of a company in Skopje (something I often do). The people were young, nice and attractive, but were in no way models or experienced in front of a camera- except for their selfie cameras. As the shooting went on, they kept finding flaws in their pictures and wanted to retake them, but all I wanted to tell them was how nice their smile was, or how great their hair looked, or how flawless their skin was. But, I kept most of it to myself so that they didn’t think that I wanted to get off easy. Instead I took as many photographs as it took for them to like themselves (or at least for them to feel uncomfortable to ask me to shoot them more).

When I sat down to retouch the images I saw it once again- these regular people looked great! Their smiles were wide and beautiful, their skin was shining, the looked like out of a regular person catalog! But they didn’t look like runway models (btw, even the runway models don’t look like the runway models in person). At the end, they liked their portraits. Or at least that’s what they said.

But this whole thing got me thinking- why don’t we like ourselves in photographs? Why are we our own worse critics?

1. Media sets an unrealistic standard of how we “should” look like. As I mentioned above, if you’re comparing yourself to models in magazines, well, you’re just going to go on a downward spiral. It is crucial to understand that those models do not look in person as they do in magazines. Yes, they may have a more symmetrical face than some, but trust me- heavy makeup and retouching can achieve that. But everyone goes down that spiral every now and again, because we are often bombarded whit images of perfect people. One should just remind themselves that that perfect is perfect thanks to a few programs Adobe made.

2. While we’re at it- social media has a similar (if not bigger) effect at the moment. The people we see (stalk) on social media may seem perfect too! And you can say- but hey, they’re not models, why do they look perfect, and I don’t? Well, that’s because they don’t post their “actually woke up like this” selfies, and you don’t get a sneak into their lives when they’re not living their highlights- so they seem perfect from a far. As a contrast, you see yourself bloated from sleeping in, you see yourself at your lowest and then compare it to people’s highest. Those “living my perfect life” people on social media also have a camera roll with hundreds of the same photo, just to pick the perfect one, and guess what- they edit those too! Because Adobe has Photoshop (and Lightroom) for smartphones too (and many other editing apps exist as well)!

3. The way we see ourselves in the mirror is not the same as taking a picture. We are used to seeing ourselves in a mirror- that’s the face we recognize. However, that’s a mirrored image of what our face actually looks like (duh, mirror). What Instagram and Snapchat very cleverly realized is that the mirrored image is the one we prefer to see. That’s why when you take a selfie with a front facing camera it shows how you really look like, vs. when you take a picture using those apps you see your mirrored image.

4. …and all those filters man! Many of them are made to make us look prettier, made up even without makeup, or to whimsically hide our “bad parts”. As often as you use them, you teach your brain that that’s how you actually look, and then when you stop using them, or see an unedited picture of yourself you get disappointed. That’s just silly! Ditch those filters darn it!

Even after all this you still have an anxiety to have your photograph taken, then try these few tips to help loosen you up:

  • Learn to find good light. Natural light is your best friend, so if you’re indoors, take pictures facing a window. If you’re outside, don’t stand in harsh lighting-find a shade.
  • Learn how to pose your face and body. Just try it our in front of a mirror. See which angles work best for what you want to look like.
  • Just keep having your picture taken! And after a while it won’t seem like such a foreign concept.

Thanks for the click,
E

Минатиот месец ме најми една фирма да направам портрети на нивните вработени (нешто што често го работам). Луѓето таму беа млади, фини и атрактивни, но никој од нив не беше модел и немаше којзнае какво искуство пред камера (освен пред селфи камери, веројатно). Како што траеше фотографирањето, тие упорно само си ги гледаа мааните и сакаа да пресликаме, а јас се’ што сакав да им кажам беше дека имаат прекрасна насмевка, или колку добро им личи косата, или колку им е совршена кожата. Сепак си ги оставив повеќето коментари за себе, бидејќи не сакав да мислат дека сакам полесно да си поминам. На сметка на тоа, ги фотографирав онолку долго додека не беа комплетно задоволни (или барем додека не им беше незгодно да ме враќаат).

Кога седнав да ги ретуширам портретите, повторно го видов истото- овие навидум обични луѓе изгледаа супер! Нивните насмевки беа широки и убави, кожата им сјаеше, личеа како извадени од каталог! Единствено што не личеа на маникени од писта (патем речено, ни тие маникенки не личат навистина така). На крајот им се допаднаа портретите. Или барем така ми рекоа.

Целата оваа работа ме натера да мислам- зошто всушност не си се допаѓаме на фотографии? Зошто најчесто сме си најлоши критичари?

1. Медиумите ни поставуваат нереалистични стандарди за тоа како „треба“ да изгледаме. Како што споменав и погоре, ако се споредувате со моделите од списанија и реклами, тогаш само се местите за пропаст. Круцијално е да разбереме дека тие модели не личат така во живо. Да, можеби имаат посиметрични ликови од некој, но верувајте ми – тешка шминка и ретуширање може многу да смени. Сепак, сите веројатно сме се споредиле со некој така понекогаш, бидејќи секојдневно сме бомбардирани со слики на совршени луѓе. Во таков случај треба само да се присетиме дека совршенството е совршено благодарение на неколку Adobe програми.

2. Кога сме веќе кај тоа- социјалните медиуми имат сличен (ако не и поголем) ефект моментално. Луѓето кои ги гледаме (или сталкаме) на социјални медиуми личат исто толку совршено! И лесно може да си кажете- па ете, тие не се модели, а личат совршено! Зошто не можам јас? Тоа е затоа што тие не ги постираат своите вистински „вака се разбудив“ селфиња и затоа што не добивате шанса да ѕирнете во нивните вистински животи- па затоа личат совршено од далеку. За споредба, вие се гледате себеси и кога ќе станете потечени од спиење и кога ви е најлошо и потоа се споредувате со нив кога им е најдобро. Тие „си го живеам најубавиот живот“ луѓе исто имаат стотина фотки од едната поза на нивниот телефон, за да можат да ја изберат најдобрата и погодете што? И тие фотографии се уредувани! Затоа што Adobe направи Photoshop (и Lightroom) за телефони (како и многу други апликации од тој тип).

3. Начинот на кој што се гледаме во огледало, не е истиот како кога сме фотографирани. Она што го гледаме во огледало е ликот кој ние го распознаваме, но тоа е обратна слика од тоа како вушност ни изгледа лицето (затоа се вика mirror effect). Она што Instagram и Snapchat го сфатиле е дека таа слика од огледалото е онаа која повеќе сакаме да ја видиме. Затоа кога ќе се сликнете со предната камера преку телефонот добивате „нормална“ слика од вас, но кога истото ќе го направите преку предна камера на овие апликации ја добивате сликата што ја глеате во огледало.

4. И тие проклети филтри! Многу од нив се направени да не’ направат поубави без шминка или на интересен начин да ни ги сокријат „мааните“. Колку почесто ги користиме, толку повеќе си го учиме мозокот дека така навистина изгледаме, па кога ќе се видиме на фотка без нив се разочаруваме. Што искрено е глупост. Баталете ги филтрите!

Ако и после се’ сепак имате анскиозност од фотографирање која би сакале да ја надминете, еве неколку совети:

  • Научете се како да најдете добро светло. Природното светло ви е најдобар пријател, па ако сте некаде внатре застанете да се фотографирате пред голем прозор. Ако сте надвор, не застанувајте на директно светло, туку најдете сенка.
  • Научете како да позирате со телото и лицето. Едноставно пробајте пред огледало. Видете кои агли се подобри за вас.
  • Едноставно продолжете да бидете фотографирани! После некое време нема да ви е толку стран концептот да бидете пред нечив објектив.

Благодарам за кликот,
Е





Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Blog at WordPress.com.

Up ↑

%d bloggers like this: