My Halloween self portrait- the conceptual art

These days selfies have become so widespread that it’s hard to imagine a world before them. Each of (or at least most of us) sometimes enjoy one’s own appearance and would like to commemorate that moment with an image. And that’s all fine and dandy, you’ll get no argument from me here. I’ve enjoyed seeing my friends’ selfies, this year especially, when I couldn’t see them in person most of the time.

For exactly that reason (isolation, not selfies), this year more often than not, I have turned my own lens towards me. However the idea behind that was not to commemorate how pretty I looked (I didn’t), but to express the turmoil of emotion and ideas which were going on during the pandemic year. And there was a lot going on inside, trust me.

I could discuss self portraits and how they are a form of conceptual art until the cows come home (I do that btw, in the Semos Education program I teach), but here I wanted to show what goes on behind the scenes of one of the most demanding self portrait shoots I did ever. I even needed an assistant for this one (thanks to my lovely partner for this).

First I made a mood board on Pinterest with black water in bath tubs. It wasn’t very successful to be honest, so I went on to sketch what I wanted to do.

Not very good at sketching

Next was the acquiring of props. I had to find a way to make the water black. Thankfully Lush came out with a Halloween bath bomb which made the water black, so I bought that. I also got two silver candlesticks from my dad’s place and my black bikini form my bikini bag. A few days prior to the shoot I practiced the makeup and found what would look best. Got tired of it yet? I sure did, and the big part wasn’t even started.

On the day of the shoot, I went on to do the camera setup. I used a tripod for the camera and planned on using a second one for the ring light, but there wasn’t enough space for it, so we improvised. I usually prefer using a prime lens for portraits, but I needed width for this shot so I used the Nikkor 24-120mm for the shot. The final setup looked something like this.

My partner also carved some mushrooms to look like skulls so that we could put them in the water. Filled the tub up as much as possible, and hopped in (almost giving myself a heat stroke, because I over did it on the hot water). Lit the candles, turned off all the lights except the ring light and went on to shoot my Halloween self portrait. Have to say, it was quite the ordeal and investment with both time and money, but this was the final product.

All in all- I was pretty happy with the result. However, this does go to show that there is quite the difference between a selfie and a self portrait. Would you take up the art of self portraits? I sure would recommend it.

Photo by Mirko Prodanov

Во последно време селфињата се буквално насекаде. Секој (или барем повеќето) од нас понекогаш си дозволуваме да го овековечиме секојдневниот момент со по некое селфи. И нормално, се’ тоа е во ред. Особено уживав во селфињата на моите пријатели оваа година, кога немав ногу шанси да ги видам во живо.

Токму од таа причина (година на изолација) сега, повеќе од кога било се осврнав кон фотографирање автопортрети. Но идејата зад нив не беше да овековечам колку добро изгледам (бидејќи и не изгледав), туку низ нив да прикажам кои емоции се случуваа во мене. А имаше многу емоции.

За автопортрети, како дел од концептуалната уметност можам да зборувам до утре (што и правам кога предавам во Семос Едукација), но тука сакав да ви покажам што се случуваше зад камерата на едно од најобемните автопортрет- фоткање што сум го направила до сега. На ова фоткање, фури и ми требаше асистент (благодарност до мојот прекрасен партнер за тоа).

Прво направив moodboard на Pinterest со кади со црна вода. Но, тоа не беше многу успешно, па се осврнав кон скицирање на тоа што сакав да прикажам на фотката.

Следно, требаше да најдам реквизити. Морав да најдам начин како водата во кадата да ја направам црна. За среќа Lush во тоа време излезе со црна купка за када, па ја нарачав таа. Исто така, земав два сребрени свечњаци од кај татко ми, и црниот купач го извадив од под кревет. Неколку дена пред самото фоткање, ја вежбав шминката која сакав да ја имам за фотката. Се уморивте веќе? Јас сигурно да, а тек доаѓаше главниот дел.

Денот на самото фоткање, го наместив апаратот и светлото. Апаратот го ставив на сталак и планирав и светлото да го ставам на посебен сталак, но бидејќи немав простор за тоа, морав да импровизирам. Обично претпочитам да користам фиксни објективи за портрети, но тука ми требаше широчина, па фотографирав со 24-120mm објектив. Крајниот сетап, личеше како на сликата.

Мојот партнер издлаби и неколку печурки во форма на черепи за да плутаат низ водата. Ја наполнив кадата колку можев и влегов во неа (и за малку ќе добиев топлотен удар од што претерав со топлата вода). Ги запаливме свеќите, ги исклучивме другите светла, освен ринг светлото пред апаратот и го сликнавме автопортретот за Halloween. Морам да признаам дека беше голема инвестиција во однос на време и пари, но финалниот продукт вредеше.

На крајот на денот, бев задоволна од резултатот. Мислам дека ова покажува дека има голема разлика помеѓу селфи и автопортрет. Дали би биле заинтересирани да пробате автопортрети? Јас дефинитивно ги препорачувам!

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Blog at WordPress.com.

Up ↑

%d bloggers like this: